Atari конзолата пристигнува во ново руво (Видео)

Atari подготвува нешто ново, а можно е да се работи за класична гејминг конзола во ново руво. Компанијата неодамна објави тизер за “Ataribox”, кој можеби ја најавува Atari конзолата за модерното време на гејмингот.

Ataribox е официјално лиценциран, потполно нов Atari производ кој веќе со години е во развој. Можно е дека се работи за официјална Atari конзола, со преинсталирани класични Atari игри.

Компанијата ја стартуваше и веб-страницата Ataribox.com за да го промовира производот, но засега нема информации кога би можела да се одржи официјалната објава.

ИЗВОР: TweakTown

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 + 2 =