Toshiba во Европа го објави Portege X30-D лаптопот

Toshiba на неодамна завршениот Саем Computex во Тајван не претстави нови лаптопи, но компанијата одлучи својот Portege X30-D модел да го донесе во Европа. Лаптопот има тежина од само 1,05 килограми, со дебелина од 16,4 милиметри.

Почетната цена на лаптопот изнесува 1600 евра, а за оваа сума се добива модел со Intel Core i5-7200U процесор, 8GB RAM, 256GB PCIe SSD и Full HD екран.

Следните модели на Toshiba Portege X30-D ќе бидат достапни во Европа:

Portege X30-D-11U: 1599 евра (Intel Core i5-7200U, 8 GB RAM, 256 GB PCIe SSD, 13.3″ FHD)
Portege X30-D-10M: 1669 евра (Intel Core i5-7200U, 8 GB RAM, 256 GB PCIe SSD, 13.3″ FHD Touch)
Portege X30-D-121: 2029 евра (Intel Core i7-7500U, 16 GB RAM, 512 GB PCIe SSD, 13.3″ FHD)
Portege X30-D-123: 2089 евра (Intel Core i7-7500U, 16 GB RAM, 512 GB PCIe SSD, 13.3″ FHD Touch)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 + 1 =