Need for Speed Payback пристигнува на 10. ноември

Објавено е дека играта ќе нуди досега најдетално прилагодување на автомобилите, какво досега не е видено во NFS серијалот

Минатиот месец од актуелната програмерска компанија Ghost Games, беше потврдена новата Need for Speed игра. Иако тогаш не беа објавени многу информации, програмерите потврдија дека играта ќе бара постојана интернет врска. Сега ја имаме официјалната објава, со трејлер, за играта што го носи името Need for Speed Payback.

Играта ќе биде фокусирана на приказна, а играчите ќе бидат во улога на три ликови – Тајлер, Мек и Џес, кои се во мисија на одмазда на криминалниот картел The House. Објавено е и дека играта ќе нуди досега најдетално прилагодување на автомобилите, какво досега не е видено во NFS серијалот.

Need for Speed Payback е најавен за 10. ноември оваа година, а играта ќе пристигне на PC, PlayStation 4 и Xbox One.

ИЗВОР: Neowin