Nokia 6, 5 и 3 телефоните ќе добијат Android O

Nokia 6, како и останатите модели од Nokia линијата беа продавани со премисата дека компанијата ќе биде сериозна кога е во прашање Android оперативниот систем и неговата надградба. Држејќи се до ова ветување, HMD Global официјално потврди дека Nokia 6, 5 и 3 моделите ќе ја добијат новата верзија на Android O оперативниот систем.

Google се уште ја усовршува својата претстојна верзија на оперативниот систем, која се очекува во текот на третото тримесечје оваа година. Секако, ќе биде потребно некое време HMD да ја вметне новата платформа на своите телефони, а компанијата не вети никакви временски рамки.

Останува надежта дека имплементацијата на Android, што ќе го користат телефоните на Nokia, нема да задава проблеми при префрлањето. Project Treble, кој ќе биде дел од Android O, би требало идните Android надградби да ги направи многу побрзи.

ИЗВОР: GSM Arena