Новите ARM процесори со подобра поддршка за AI

Во ARM ветуваат раст на перформансите од 50 проценти во текот на следните три до пет години

Компанијата ARM претстави две процесорски јадра од новата Dynamiq серија, која посебен акцент ќе стави на перформансите што се однесуваат на вештачката интелигенција. Во ARM ветуваат пораст на перформансите од 50 проценти на ова подрачје во текот на следните три до пет години.

Меѓу претставените процесорски јадра се истакнува high-end Cortex-A75, што би требало да донесе за 20 проценти поодбри перформанси во однос на сегашните чипови базирани на Cortex-A73. Тука е и новото процесорско јадро Cortex-A55  од средна класа што става акцент на енергетската ефикасност.

Освен двете наведени процесорски јадра, претставен е и графичкиот чип Mali-G72 кој ќе понуди и до 40 проценти подобри графички перформанси и ќе стави акцент на машинското учење, виртуелната реалност и гејмингот.

На сито наведено придодадена е и технологијата TrustZone која ќе понуди сигурност во комбинација со флексибилноста и достапните перформанси.

Извор: Engadget