Погледнете како до 2020 ќе изгледа автономното возење

Ова видео објаснува како ќе изгледа последниот степен пред целосната автономија на автомобилите

Автомобилите се уште не се способни сами да возат без влијание и помош од возачите, но производителите не уведуваат дека тоа време брзо ќе пристигне.

Автономното возење на денешницата е де факто – полуавтономно, без помошта и постојаното посегнување на возачите за воланот, автомобилите не можат сами да возат. Освен тоа, потребно им е убаво време и добро обележани патишта за да можат да го вклучат автопилотот. Значи, денеска сме на второ ниво на автономно возење.

Ова видео објаснува колку ќе биде полесно да се живее со сообраќајниот метеж кога ќе пристигне нивото четири, последниот степен пред целосната автономија на автомобилите. Тестирањата ќе стартуваат веќе од 2020 година, а кога во целост ќе биде комерцијализирана и достапна кај градските автомобилки можеме само да претпоставиме.