Ексклузивно прво видео од новиот iPhone 8!

Американските аналитичари тврдат дека почетната цена на претстојниот модел ќе изнесува 870 долари

Само неколку дена откако беа објавени првите фотографии од претстојниот iPhone 8, на Твитер се појави и првото видео. На него се гледа прототип од Кина, за кој блогерот Бенџамин Гескин тврди дека е идниот модел на најпопуларниот телефон на светот. Гескин претходно објави фотографии за кои тврди дека ги добил од извор од фабриката Foxconn во која се произведува самртфонот на Apple.

Во последно време се појавија бројни гласини за претстојниот нов телефон на Apple. Некои од нив го споменуваа безжичното полнење, Touch ID сензорот вграден во екранот, куќиште од стакло и алуминиум, OLED екран и друго. Меѓутоа, што е со цената? Според аналитичарите, iPhone 8 ќе има почетна цена од 870 долари.

Business Insider го цитира аналитичарот на UBS, Стивен Милунович, кој го понуди своето мислење дека новиот iPhone 8 со 128 GB ќе чини 870 долари. Тој исто така порачува дека Apple воопшто нема да објави модел со интерна меморија од 32 GB, додека цената на моделот со 256 GB ќе изнесува дури 1070 долари што е прилично висока цена за еден смартфон.

Во овој момент постојат разни информации кога ќе биде објавен iPhone 8, но претпоставуваме дека најточни се оние кои говорат за почеток на септември.

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nine − four =