Заклучно со 2 мај, верзијата Nougat успеа (вклучувајќи ги двете верзии 7.0 и 7.1) да собере дури 7,1 отсто корисници

Google на почетокот на секој месец објавува нови податоци врзани со застапеноста на одредените верзии на Androida. Најновите за мај 2017 говорат дека Nougat се уште не успеал да собере двоцифрен број на корисници.

Имено, до 2 мај, Android Nougat успеа (вклучувајќи ги двете верзии 7.0 и 7.1) да собере дури 7,1 проценти корисници. Поновите верзии 7.1.1 и 7.1.2, што беа претставени кон крајот на 2016 и почетокот на април 2017 се уште не собраа критични 0,1 отсто корисници, поради што Google не ги смести во мајската статистика.

Моментниот владетел на Android уредите е Marshmallow, кој на 2 мај имаше 32,2 проценти корисници. На второ место се смести Lollipop кој има само нешто помалку корисници во однос на Marshmallow – 32%. Третото место на листата и припаѓа на верзијата што излезе во 2014 година – KitKat, која во средината на 2017 се уште има високи 18,8 проценти корисници.

На четврто место се наоѓа Jelly Bean (2012-2013) со 9,1 отсто, а на петтата позиција е Nougat со 7,1 проценти корисници. Шестото и седмото место го зазедоа прастарите – Gingerbread (2010-2011) со 1 процент и Ice Cream Sandwich (2011-2012) со 0,8 отсто корисници.