Гермaнската тјунерска куќа Posaidon направи вистинско мало “чудовиште” од појдовната генерација на Mercedes AMG A45.

Posaidon од 2.0-литарскиот мотор извлече дополнителни 169 коњски сили па сега има дури 550 коњски сили со 660 Nm вртежен момент и погон на сите четири тркала.

Вртежниот момент е дури електронски лимитиран со цел да се сочува издржливоста на внатрешните компоненети.

Агрегатот M133 доби унапреден турбополнач, поголем ладилник, моторспорт свеќици, ревидиран довод на воздух и целосно нов издувен систем од нерѓосувачки челик, опремен со електронска контрола на вентилот.

Четирилитарскиот мотор поседува и систем за вбризгување на комбинација од вода и метанол и ремапирана ECU единица.

Posaidon го прилагоди и седумстепениот менувач со двојно квачило со цел да може да се сноси со дополнителната моќ.

Mercedes AMG најави поголема моќ во следната генерација на A45 која ќе се појави следната година со 400 коњски сили, a се шпекулира и за хибридна, уште помоќна верзија.

Во меѓувреме, во втората половина од 2018-та ќе пристигне A35 со повеќе од 300 коњски сили.

 

Извор: B92.net