Apple испрати покани за медиумски настан што ќе се одржи на 27. март во Чикаго

Како и обично, компанијата чува во тајност што ни подготвува, но поканата открива дека ќе стане збор за „креативни нови идеи за наставници и студенти“, што сугерира дека ќе има вести поврзани со образованието.

Сликата го содржи логото на компанијата, која се чини дека е рачно напишана, со текстот „Let’s take a field trip“ (Ајде да одиме на екскурзија).

Изгледот на поканата насочува кон издавање на ново пенкалце Apple Pencil, но од MacRumors посочуваат дека постојат многу производи на компанијата, кои би можат да бидат претставени .

Меѓу нив се 9,7-инчен таблет iPad по цена од 259 долари, поефтин лаптоп MacBook Air (799-899 долари), очекуваните безжични полначи за iPhone и Watch и дури втората генерација на iPhone SE.

Не може да се исклучи лансирањето на iOS 11.3 со системот ClassKit, кој е дизајниран за образовни апликации.