Македонија се приклучува кон активностите од YouthSpark иницијативата на Мајкрософт и DigiGirlz програмата која се организира во цел свет за охрабрување на младите за технологијата и поттикнување девојчиња да се вклучат во ИТ индустријата.

Како дел од планираните активности денеска на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, а утре на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје успешни жени од Македонија во ИТ бизнис сферата и вработени од Мајкрософт ќе зборуваат со младите за да ги запознаат со придобивките на ИТ професиите.

Воедно, тие ќе дознаат и за тоа како е да се работи во познати компании од Македонија и во Мајкрософт дополнително охрабрувајќи ги дека тие можат да бидат промената која треба да ја има во општеството.