Се чини дека WhatsApp во тајност ја промени опцијата за бришење на пораки која што беше надоградувана кон крајот на минатата година.

Така, сега корисниците на оваа апликација за комуникација, можат да ги избришат испратените пораки и после повеќе од еден час откако биле испратени, нешто што претходно можеше да се направи само седум минути после испраќањето.

Надоградената верзија на WhatsApp им дозволува на корисниците да ги бришат пораките еден час, осум минути и 16 секунди после испраќањето.

На овој начин е продолжено времето кое што корисниците го имаат за бришење на пораките кои што биле испратени по грешка. После бришењето, пораките целосно ќе исчезнат од разговорот како никогаш претходно да не биле пратени.

WhatsApp нема опција за тајни конверзаци како што имаат „ривалите“ на кои што е овозможено корисниците да имаат привремени разговори кои што после одредено време исчезнуваат.

Сепак, според многумина, дополнителното време за бришење на „несаканите“ пораки ќе помогне кон остварувањето на повеќе „привремени“ разговори на WhatsApp.

За новата можност за бришење на пораки е потребно да ја имате најновата верзија на апликацијата инсталирана на вашиот паметен телефон.