И покрај тоа што се ширеа гласини дека легендарната „Буба“ може да добие и своја електрична верзија, Volkswagen соопшти дека го прекинува производството на ова светски популарно возило.

Тоа се има случено и претходно. Volkswagen и во 2003 го запре производството, но во 2011. година соопшти дека се враќа на светската сцена со ново модерно возило.

– Две или три генерации се доволно. „Бубата“ веќе создаде историја, но не можеме по пет пати да се повлекуваме, па да се враќаме со нова „Буба“, изјави Френк Велш, технички директор на компанијата.

Оваа икона на автомобилската индустрија се произведува од 1938 година, а својот подем во поп-културата го доживеа во 60-те и 70-те години од минатиот век, пишува порталот Fortune. Велш, сепак, не го соопшти датумот кога производството дефинитивно ќе запре.