Google најавува дека од јуни годинава ќе забрани објавување содржини кои имаат поврзаност со криптовалутите.

Компанијата најави дека нема да биде дозволено рекламирање на такви производи, вклучувајќи и дигитални пари или совети за тргување преку некоја платформа.

Сличен потег најави и Facebook, кој претходно соопшти дека ќе ги забрани сите огласи за биткоини и други крипто валути, со цел да се спречи рекламирање и промовирање на нешто што често се поврзува со измама.

– Компанијата Google ја ажурира политиката за рекламирање поврзани со финансиски услуги, со цел да забрани какво било огласување на содржини поврзани со крипто валути, изјави директорот за информирање, Скот Спенсер.

Тоа значи дека дури ни компаниите со легитимни понуди за крипто валути нема да можат да ги огласуваат своите производи преку Google.

– Немаме кристална топка за да видиме како ќе се развиваат крипто валутите, но видовме доволно штета или потенцијална штета и тоа е област кон која сакаме да пристапиме исклучително внимателно, нагласи Скот.