Во соработка со сегашните и некогашни специјалисти, компанијата “Nixon” креирала часовник со минималистички дизајн кој може да им одолее на најтешките наутички услови и сурови опкружувања.

Тие инсистирале на креирање на дигитален часовник кој ќе поседува сè што ви треба и ништо што не ви треба.

Така и настанал “Regulus” – модел кој е дизајниран за специјални поморски операции, водоопторен до 100 метри должина и исклучително е отпорен и издржлив. Има голем екран и позадинско LED осветлување кое создава подобра контрола во текот на ноќните и подводните операции.

Часовникот поседува големи водоотпорни копчиња кои ви овозможуваат лесно маневрирање под вода, дури и под носење на нуркачка опрема, додека двојните хронографи нудат прецизно одредување и читање на времето.

“Regulus” е повеќе од обичен часовник – поблиската терминологија за него е “алат”.

Прилагодениот дигитален LCD модул е украсен со заштитно куќиште “Poron” за исклучително тешка апсорбција на удари и издржливост. Куќиштето е изработено од поликарбонати со засилени влакна и пречник од 46 mm.

Часовникот поседува маска од нерѓосувачки челик, зајакнат со минерални кристали. Батеријата на часовникот има 5 години гаранција, а тој е достапен во сива, црна и беж боја.