Германскиот автомобилски бренд ја симна Toyotа на втората позиција, а BMW е трет на листата највредни авто-брендови на светот.

Mercedes-Benz стана највредниот автомобилски бренд на светот според годишниот извештај на Brand Finance.

Во извештајот стои дека вредноста на германскиот производител на луксузни автомобили се зголемила за 24% во споредба со претходната година и сега изнесува 43,9 милијарди долари.

Главната причина за растот на вредноста е зголемената продажба на возила – Mercedes во 2017 година испорача 2,3 милиони возила ширум светот, или 9,9% повеќе отколку претходната година.

Брендот што лани беше на врвот, Toyota, имаше пад на вредноста од 6% и сега е на втората позиција. Според извештајот на Brand Finance, јапонскиот автопроизводител „тежи“ 43,7 милијарди долари.

Покрај скокот на вредноста од 6%, BMW падна за една позиција во споредба претходната година – според проценката на Brand Finance, баварскиот бренд вреди 41,8 милијарди долари.

Меѓу десетте највредни автомобилски брендови се Volkswagen, Honda, Nissan, Porsche, Ford, Audi и Chevrolet.

Топ 10 листата на највредни авто-брендови на светот за 2018 година изгледа вака:

(позиција/производител/вредност во милијарди долари/промена во однос на 2017/позиција во 2017)