Суштество кое наликува на риба се појави на брег на плажа во Квинсленд, Австралија. Властите се уште не можат да го идентификуваат, но според ABC News reports има шест нозе и е огромно.

Рајли и Џон Линдхолм се првите кои го откриле при случајна прошетка на плажата.

– Сум видел многу риби, но никогаш не сум видел нешто слично. Тоа беше голема, голема „риба“, изјави Џон.

Тој објавил фотографии и видео-снимки на социјалните мрежи од суштеството со цел да биде идентификувано.
Се уште е нејасно дали тоа е уловено и оставено на копното или умрело на брегот откако било исфрлено од океанските води.

Океаните се сметаат за водени површини кои не се комплетно истражени. Научниците постојано се во потрага по нови сознанија за она што тие го кријат.