Како што е познато, Fitbit планира да објави нов паметен часовник кој е наменет за поширока публика. Тој повторно ќе го користи оперативниот систем OS, кој прв пат се појави во моделот Ionic.

Добро познатиот лик од Твитер, Еван Блас го откри името на моделот. Часовникот ќе се продава под името Versa, а главната цел ќе биде да бидат привлечени припадничките на понежниот понал. Ова значи дека новиот часовник ќе биде покомпактен.

Ќе се продава во четири бои – црна, сребрена, розева и сива, а ќе има и различни прицврстувачки ремени.