Легендарниот Извршен директор на Apple и коосновач на компанијата, Стив Џобс своето прво CV го предал во 1973 година додека бил студент во потрага по работа. Во тоа време бил студент во „Рид “колеџот во Орегон, но одлучил да го напушти по само еден семестар. На колеџот се задржал во наредните 18 месеци, каде што посетувал предавања  кои мислел дека ќе му бидат интересни.

Интересно во врска со ова CV е што на него може да се види како Џобс гледа на себе додека бил сè уште студент.

Џобс за свои специјални способности навел „електронска технологија“ или „инженер дизајн“, а навел и дека има искуство во работа со компјутери и калкулатор. За жал, не е наведено за која позиција аплицирал Џобс, а својата прва работа ја добил во Atari со Стив Вознијак, со кого подоцна го основал Apple.