Новото истражување кое го спроведе CIRP, една од организациите за истражување на потрошувачки навики, покажа дека корисниците на Android се поверни од корисниците на iOS, лојалноста расте од 2016 година па наваму.

Во моментов, верноста на корисниците на Android е поголема од било кога и се наоѓа во постојан пораст веќе подолго од две години.

Истражувањата на CIRP покажаа со мерењето во 2017 година дека 99% од корисниците останале со нивниот Android уред, додека 86% од луѓето кои имале телефон со iOS решиле да останат верни на производите на Apple, а останатите 14% се префрлиле на Android.

„Ако нешто докажавме со ова истражување, тоа е дека кога луѓето ќе користат еден оперативен систем, тие учат како тој работи, се навикнуваат на него и потоа го заменуваат со уред кој работи на истиот систем бидејќи не сакаат драстични промени“, рече Мајк Левин, основач на CIRP.

Низ текот на годините, бројот на корисници на iOS и Android уреди постојано варираше. Во 2013 година бројот на корисници на iOS беше поголем од оној на Android, но како што одминуваа годините таа бројка се менуваше.

На истиот начин се менуваше и лојалноста према различните оперативни системи. Од јануари 2016 година до декември 2017 година Android има поверни корисници, а нивната лојалност варираше од 89% до 91%. Во истиот период, лојалноста на iOS варира од 85% до 88%.