Хилари Јип, CEО тинејџерка од Хонг Конг сака да се бори против предрасудите и да гради мостови со својата едукативна апликација наменета за деца, пишува BBC.

Апликациите за деца можат да се сместат во две категории – едукациски, кои децата најчесто ги одбиваат или игри, кои не се омилени помеѓу родителите.

Оваа тинејџерка одлучила да направи нешто по тоа прашање – дизајнирала апликација која им овозможува на децата од сите страни на светот да се “дружат” преку допишување и со тоа да си помагаат едни на други во учење на своите јазици.

Дизајнирана од дете за деца, апликацијата наречена “Minor Mynas” е сигурна апликација за изучување на некој јазик во реално опкружување. Но, Хилари има и поголеми амбиции – таа се надева дека отвореноста на децата ќе доведе до помалку културни недоразбирања и негативни стереотипи.

“Minor Mynas” постои 9 месеци, а веќе има над 4 илјади корисници од повеќе од 20 земји во светот.

“Во својата срж, тоа е апликација која ги поврзува децата од различни општества”, вели Хилари.

Но, нејзината приказна предизвикала поделени реакции на социјалните мрежи. Додека многумина имаат само пофални зборови за оваа млада девојка, други мислат дека таа е само “дете од постерот” додека компанијата всушност ја водат нејзините родители.

“Тоа во Америка постојано се случува со цел богатите бели деца да можат во своите автобиографии да тврдат дека основале компанија”, е еден од негативните коментари на оваа тема.