Во источниот дела на Русија, кај градот Хабаровск, на брегот на реката Амур пронајдена е торба со 52 човечки дланки, пренесуваат руските медиуми. Како што пренесува „Раша тудеј“, торбата ја пронашле локални рибари откако еден од нив згазил на пресечена рака што излегла од замрзнатата земја.

Полицијата претпоставува дека се работи за медицински остатоци што биле нелегално отстранети. Локалните медиуми, пак, се сомневаат дека дланките припаѓаат на трупови од неидентификувани лица. Во мртовечниците, како што објаснуваат медиумите, кога ќе стигнат лица чиј идентитет не е познат најчесто им се отсекуваат дланките за да им се земат отпечатоци. Затоа, постојат сомневања дека токму за тоа се работи и во овој случај.

Според законот, таков отпад треба да се кремира или закопа во специјални гробници.
Извор: Макфакс