Во јуни 2016-та година компанијата Facebook поднела барање за патентна заштита на алгоритам за предвидување на богатството на корисниците на социјалната мрежа. Информацијата за поднесувањето на ваквото барање во јавноста се појави во февруари годинава, кога одделот за патенти во САД објави документи во врска со тоа.

Ваквиот алгоритам би користел податоци дадени со согласност на корисниците, добиени преку низа прашања, но исто така податоци добиени преку несвесна употреба на Facebook.

„Онлајн системот користи класификатори за предвидување на социо-економската група во која припаѓаат одредени корисници. Класификаторите користат модели кои се дизајнирани во согласност со информации за корисниците како што се демографски податоци, сопственост на уреди, употреба на интернет итн. Глобалните податоци може да се соберат преку прашалници за истражување на пазарот“, се вели во објаснувањето.

„Класификаторите врз основа на информации за корисниците ја пресметуваат нивната социо-економска група. Внесените податоци зависат од профилот на корисникот, но и неговите активности додека е вклучен на мрежата. Така ќе се определи неговиот социо-економски статус и без употреба на податоци за неговите приходи. Потоа, социјалната мрежа ќе креира содржина во зависност од припадноста на корисникот во одредена социо-економска група“, се наведува во описот.

Се наведува дека фактот што Facebook располага со патент на овој алгоритам не значи и дека ќе го користи. Впрочем, тие го имаат од 2016-та година, но досега не го користеле. Покрај тоа, не е сто проценти сигурен, туку станува збор само груба проценка.