Аналитичарот од KGI Securities, Минг-Чи Куо објави до клиентите на компанијата нов извештај во кој ги охрабрува инвеститорите оваа година да следат три производи на Аpple – очекуваниот 6,1-инчен iPhone со LCD дисплеј, најновата верзија на слушалките AirPods и поевтина верзија на MacBook Air лаптоп. За првите два веќе се појави информација, но за третиот не знаевме досега. Според Куо, уредот ќе се појави во вториот квартал на годината и ќе има пониска цена.

Очекувањата му се општите снабдувања на моделите MacBook да се зголемат во текот на оваа година со 10-15%, што ќе се одрази позитивно на снабдувачите Quanta, Radiant, Catcher и SZS. Засега нема повеќе детали што ќе предложи уредот, но актуелната линија дефинитивно има потреба од сериозна обнова, бидејќи последната промена од минатата година, додаде само побрз процесор, но и тој беше од постарата генерација. Не е исклучено премиерата на уредот да биде за време на WWDC конференцијата во јуни.