Поранешен вработен во компанијата на Елон Маск, SpaceX во неговиот блог тврди дека Eлон Маск најверојатно е основачот на криптовалутата биткоин.

Милијардерот одговори на тоа и изјави дека е не е вистина дека тој стои зад псевдонимот Сатоши Накамото и дека го измислил биткоинот.

На интернет се води дебата, откако се појави документ од 2008 година на кој е поставен детален план за развој на биткоинот. Планот е потпишан од лице со име Сатоши Накамото, но човекот или луѓето кои стојат зад тоа име, според многумина се мистерија.

Сахил Гупта, поранешен приправник во компанијата на Маск, во својот блог претпоставува дека Елон е најверојатно Сатоши.

Како што тој пишува, Маск би можел да стои зад дигиталната валута бидејќи длабоко ја разбира економијата и нејзините проблеми, како и криптовалутите, но знае и програмирање.

Гупта кажува дека Маск најверојатно сакал да го лансира биткоинот во 2008 година за време на светската економска криза, сакајќи на тој начин да го реши проблемот со недовербата во банките.

Елон ги демантираше тие гласини и неколку пати има кажано дека поседува малку биткоини.