LG објави дека ќе ги претстави надградените изданија на своите смартфони K8 и K10 на Мобилниот конгрес во Барселона. Меѓу новите функции во серијата ќе биде побрзото автоматско фокусирање и потиснување на бучавата за подобрена фотографија при слаба осветленост.

K10 ќе нуди метален заден панел и 13-мегапикселна камера со PDAF автофокус, која е со технологија како во предводникот G6, додека помалиот „брат“ ќе биде опремен со 8 мегапиксели сензор. „Flash Jump Shot“ е исто така нова функција, која фотографира на секои 3 секунди и потоа ги обединува во GIF анимација.

Исто така е вклучена и опцијата Timer Helper за групни слики, којa го користи блицот за да ги брои преостанатите секунди до фотографијата, така за учесници да се подготвени за фотографија. кај двата паметни телефони копчето за вклучување, со интегриран сензор за отпечатоци, може да се користи за брзо стартување на камерата. LG K8 ќе има процесор од 1.3GHz, додека K10 ќе добие 8-јадрен чип од 1.5GHz. K10, исто така, ќе има две други опции – Alpha и Plus.

Малку чуден е изборот на оперативен систем, бидејќи и двата телефони ќе имаат веќе застарена верзија Android 7. Од LG најавија и нова палета на бои за 2018. K8 и K10 ќе бидат понудени во црна, сина и златна (Aurora Black, Moroccan Blue и Terra Gold).