Facebook официјално почна да ја тестира можноста за ставање „дислајк“ и тоа на само пет отсто од корисниците на апликацијата Facebook за Android во САД, за да дознае дали коментарите на некои објави се неумесни.

Но, за разлика од некои други социјални мрежи на кои стискањето „дислајк“ ги поништува лајковите, Facebook ќе го користи како отворен приговор на содржината, односно на одредени коментари.

Штом корисникот ќе одлучи да употреби „дислајк“, Facebook ќе го праша зошто тоа го направил.

Некоја објава можно е да ја „дислајкувал“ поради непроверени и невистинити информации или поради навредлива содржина.