Тинејџерка од Бразил починала од струен удар, кој го добила од слушaлките за телефонот кои ги имала на ушите, додека смартфонот се полнел.

Седумнаесетгодишното девојче било пронајдено од нејзините родители на подот на собата покрај уништениот телефон и стопените слушалки во ушите. Таа била однесена на болница, но докторите не можеле да помогнат.

– Семејството верува дека струјниот удар е предизвикан од полнењето на телефонот. Во болничкиот извештај се наведува дека девојката била примена половина час по инцидентот. Роднините изјавиле дека починала од струен удар, но тоа треба да се потврди, изјавија од болницата.

Истрагата е во тек, а во времето на несреќата не паѓал дожд, но се слушале грмотевици.