Стручните медиуми и аналитичари од областа на технологијата ја пренесоа информацијата дека Apple го почнал процесот на намалување на првично планираното производство на  iPhone X за околу 50 проценти.

Како последица на одлуката на Apple, има вишок на OLED екрани што Samsung Display, фирмата-ќерка на Samsung, нема да може да ги испорача.

Поради тоа, Samsung Display наводно е во потрага по нови купувачи заинтересирани за вишокот OLED екрани.

Повеќето производители засега не сакаат во своите смартфони да вградуваат OLED екрани, туку се потпираат на значително поевтините LCD панели што имаат и до 40% пониска цена.

Поради тоа, постои можност Samsung Display да забележи помали приходи на пазарот, каде јужнокорејската компанија најголема конкуренција има од кинеските производители, како и од домашниот ривал LG Display.

Извор: B92.net