Астрономите во вторникот објавија дека откриле голема космичка експлозија на умирачка ѕвезда стара 10,5 милијарди години. Станува збор за најоддалечената од сите досега откриени супернови.

– Суперновата DES16C2 е најоддалечена, екстремно сјајна и екстремно ретка, не е тоа работа која астрономите ја гледаат секој ден, објаснува Метју Смит, авторот на студијата објавен од британскито Универзитет во Саутемптон.

Појавата се случила кога масовна ѕвезда од многу оддалечена галаксија умрела со катаклизмична експлозија позната под името супернова.

Смртта на ѕвездата ја пратат појави кои се силни, бидејќи материјалите од кои е составена ѕвездата се исфрлаат со брзина од неколку илјади километри во секунда. Поради големата количина на ослободена енергија, таа појава сјаи како 200 милиони сонца и може да се гледа од Земјата.

Светлината емитувана при таа небена појава на нашата планета стигнала 10,5 милијарди години откако се случила, а за прв пат е откриена во август 2016 година. Нејзината оддалеченост и екстремниот луминозитет го потврдија три различни телескопи во октомври 2017 година.

Меѓународен тим на астрономи под водство на Универзитетот во Саутемптон изработи студија во која оваа ѕвезда ја сместија помеѓу суперлуминозните супернови, кои се најсјајни и најретки.