Тим од Универзитетот во Вашингон креирал ласер на којшто со еден клик можете да дадете команда да ви го наполни телефонот што се наоѓа на другиот дел на собата, пишува New Atlas. Уредот функционира преку WiFi, а има и посебни сензори на задниот дел на телефонот што реагираат на ласерската светлина.

Ласерот фунцкионира на растојание од 4,3 метри. Може да го наполни телефонот со брзината со која што го полни и обичното USB. Уредот е дизајниран да добие известување кога на телефонот ќе му треба полнење. Во системот се вградени неколку безбедносни мерки.

Штом лицето се приближи кон зракот на ласерот, автоматски се прекинува полнењето, а потоа повторно продолжува кога лицето ќе се оддалечи. За да се спречи емитирање топлина, истражувачите користеле алуминиумски ленти со кои што го обликувале сензорот на мобилниот телефон.