Nokia има во план да ја оживее луксузната линија на паметни телефони Sirocco, и тоа со новиот модел Nokia 8 Sirocco, oткри компанијата на почетокот на месецот.

Според најновите информации, се подготвува и пуштање во продажба на новиот модел Nokia 8 Pro, кој ќе биде фокусиран на функциите на камерата. Телефонот би требало да го користи чипсетот „Snapdragon 845“.

Nokia 8 Pro ќе има пет задни камери (penta-lens), како и напредни функции на снимање.

Судејќи според рендерите, новиот уред под кружниот систем на камери ќе има сензор за отпечаток на прстот, слично како дизајнот на идниот модел Nokia 9.

Телефонот ќе има 3D стакло на предната страна и на задната, што претходно го открија објавените фотографии.

Инаку, претходно се претпоставуваше дека новиот модел ќе се нарекува Nokia 10.