Вештачката интелигенција сè повеќе станува дел од нашите секојдневни активности. Ова се 10 предвидувања како таа ќе влијае на бизнисот и компаниите до крајот на 2018 година.

Ќе создаде подобрено корисничко искуство по мерка

Бројот на компании кои ја користат вештачката интелигенција за да анализираат податоци, трендови и историја на пребарување поради создавање на корисничко искуство, значително ќе се зголеми. Повее нема да ги бараат нашите имиња, е-маил адреси и контакт информации, бидејќи овие податоци ќе им бидат достапни благодарение на вештачката интелигенција.

Поинаку ќе ги користиме друштвените мрежи

Вештачката интелигенција ќе има големо влијание на друштвените мрежи. Можеме да очекуваме пораст на персонализирани содржини испорачани индивидуално во реално време за да се зголеми продажбата.

Полесно ќе спречуваме измами

Вештачката интелигенција може да најде примена во борбата против софистицираните шеми за измами, комбинирајќи автоматизација, машинско учење, препознавање на говор и лице…

Ќе предвидува однесување на купувачите и клиентите

Вакви примери се веќе присутни, но оваа и наредната година ќе бидат во значителен пораст. Компаниите ќе ја користат за да ја откријат дали имате намера да купите производ, дали барате поддршка, дали сакате да го промените добавувачот и пред навистина да им се обратите. Фокусот ќе биде на интензивно машинско учење.

Ќе се променат новинарските и маркетинг истражувањата

Во двете наведени подрачја, вештачката интелигенција ќе донесе драматични промени. Поради автоматизацијата, машинското учење и другите поврзани трендови, бројни професии ќе исчезнат и нивното значење ќе биде драматично намалено.

Напредок на полето на интернетот на нештата

Технологијата на интернетот на нештата ќе биде уште повеќе интегрирана со blockchain поради безбедносни причини, па ќе дојде до екслозија на иновации и поголем степен на прифаќање од корисниците, што ќе реултира со повеќе паметни производи во домаќинствата.

Подобар увид во податоците

Благодарение на вештачката интелигенција, компаниите нема да мораат да вработуваат аналитичари, туку ќе имаат увид базиран на потрошувачките податоци за дел од цената која би ја платиле за вработена личност.

Ќе се зголеми онлајн продажбата

Купувањето онлајн ќе стане попристапно и полесно за користење. Ќе говориме со дигитални помошници што треба да купат и каде да ги достават купените предмети.

Полесно ќе наоѓаме кандидати за работа

Часовите кои би ги трошеле на пребарување и проверка на нови вработени, во голема мерка ќе можеме да му ги довериме на софтвер кој тоа ќе го прави за неколку секунди. Сепак, луѓето ќе бидат и понатау потребни за интервју во живо.

Извор: Tportal.hr