Основна одлика на новиот модел на кинескиот производител Xiaomi – Mi Mix 2S – е дизајнот без рабови околу екранот.

Екипата на сајтот OnPhones  успеа да го добие новиот Xiaomi и на својот канал на YouTube објави видео што на заинтересираните купувачи им пружа прилика да видат како изгледа новиот уред, макар и на кратко.

Иако видеото не открива многу за новиот Mi Mix 2S, според достапните информации ќе има опција за гестикулација, слична на онаа што ја има iPhone X.

Опцијата ќе се користи за пристап до task switcher.

Извор: B92.net