Многумина ги искористија празничните попусти за да купат „паметен“ телевизор. Лежејќи на својот кревет, гледајќи филм на стриминг, уживајќи на високата резолуција во позадина на домашната атмосфера, малкумина веруваат дека тоа може да биде опасно.

Но, бидејќи тоа се „паметни“ телевизори, со апликации и други додатоци кои се врзуваат директно на интернет, не треба да се заборави дека слично на компјутерите тие можат да бидат … пробиени. А тоа може, во најмала рака, да им овозможи на надворешни лица да следат што гледате ли, или, можеби, не би требало да гледате …

Неодамна спроведена анализа на „Consumer Reports“ покажа дека многу од водечките брендови „паметни“ телевизори се ранливи на хакирање од аутсајдери. Студијата покажа дека петте најголеми брендови телевизори во САД – Samsung, LG, Sony, TCL и Vizio – се подложни на неовластен интервенции – следење на програмите, преземање на контрола над телевизорот. Две марки – Samsung и Roku – овозможуваат целосно преземање на контрола над телевизорот.

Можноста да се проникне во паметните е застрашувачка, смета Глен Драјен, виш директор за прашања на содржината во „Consumer Reports“. Изданието вели дека неговите специјалисти успеале да навлезат во телевизор Roku преку функција, создадена од страна на производителот, која им овозможува на гледачот да користи смартфон или друга слична платформа како далечински управувач.

Од компанијата-производител ја определија набљудуваната појава како „погрешна интерпретација на функција“. Но како секое друго нешто што се врзува со домашната мрежа, ова однесување на паметниот телевизор се јавува како „отворена порта“ за хакери. Затоа, специјалистите препорачуваат посебно внимание на лозинките што ги штитат домашните безжични мрежи.