Астронаутите Марк Ванде Хеј и Норишиге Канаји поминаа шест часа во вселената покрај Меѓународната вселенска станица за да ги завршат работите на роботската рака „Канадарм2“.

Тие ја заменуваа механиката шака на 17 и пол метри долгата роботска рака, а работите се изведуваа од октомври до јануари.

Американскиот и јапонскиот астронаут ја расклопија роботската рака, ја остранија старата шака и ја сместија во предвиденото складиште, на надворешната страна на станицата.

Таа би требало да биде вратена на Земјата на детална поправка и доработка пред да биде повторно опремена на станицата.