1.    Среќен 13-ти роденден, YouTube!

На Свети Валентин во 2005 година беше покренат овој видеосервис на Google. YouTube израсна во еден од веб-џиновите на денешницата на кој „висиме“ часови и часови од денот… За оваа пригода еве неколку интересни податоци и информации за овој популарен сервис.

2. За сè се виновни видеото, е-поштата и вечерата

Сервисот YouTube на 14 февруари 2005 година го покренале тројца поранешни вработени во „Пејпал“ – Стив Чен, Чед Харли и Џавед Карим, откако еден од основачите се налутил кога не успеал да го сподели видеото во текот на вечерата поради тогашните ограничувања при испраќање електронска пошта. Своето прво прикачено видео, „Me at the Zoo“, Јутјуб“ го бележи на 23 април 2005 година. Во овој момент ова видео има повеќе од 45 милиони прегледи.

3. 15 милијарди посети на YouTube месечно

Денес „Јутјуб“ има 1,3 милијарда корисници, кои дневно гледаат речиси пет милијарди часа видеосодржини. Месечно се бележат повеќе од 15 милијарди посетители, од кои 58% се мажи, а 32% се жени. Веќе во 2007 година „Јутјуб“ трошел интернет-сообраќај колку и целиот интернет во 2000 година. Бројот на прегледи изразени во часови и натаму расте, и тоа двоцифрено. Во 2017 година прометот пораснал за 60% во споредба со претходната.

4. Посилен од кабелската конекција

Милијарда прегледи на ден стигнуваат преку мобилните телефони. YouTube според опсегот ги престигна сите американски кабелски мрежи кога се работи за популациите од 18 до 34, и од 18 до 49-годишна возраст.

5. Повеќе од 10 илјади видеа со над милијарда прегледи

Во клубот на „милијардери“ моментално се 10.113 видеозаписи на YouTube. И натаму најгледано е музичкото видео Gungam Style од 2012 година, кое ја премина бројката од три милијарди прегледи и е еден од неуништливите интернет-феномени. Најгледано корисничко видео е Charley Bit My Finger, со повеќе од 858 милиони прегледи.

6. YouTube е извор на приходи на сè поголем број луѓе

Сè повеќе луѓе остваруваат приходи со производство и објави на видеосодржини. Најдобро платен јутјубер е Дениел Мидлтон, DanTDM, со 16 милиони американски долари приходи во 2017 година. Најмладата платена ѕвезда е шестгодишниот Ryan ToysReview, со 11 милиони долари. Бројот на канали со шестцифрени приходи во долари расте по 50% следено од година на година.

7. Тајната на доброто видео е воведот

Исплатливо е да се направи добар вовед, односно почеток на видеото. Зошто? Па, речиси секој петти гледач ќе престане да го следи видеото по десет секунди ако не му се допадне почетокот.

8.  YouTube е скап спорт

Трошокот за одржување на YouTube изнесува 6,35 милијарди долари на годишно ниво. „Гугл“ од огласувањето преку „Јутјуб“ собира над четири милијарди долари приходи, што е 6% од глобалните приходи на таа компанија од огласување. Во ноември 2006 година „Гугл“ платил 1,65 милијарда долари за YouTube.

Извор: Tportal.hr