Една од најпознатите архитектски компании за изградба на спортски објекти (сали и стадиони) Populous планира да изгради сферични арени кои ќе се користат за музички и забавни настани во Лас Вегас и во Лондон. Populous работат во соработка со компанијата која треба да биде сопственик и инвеститор во новите објекти, Madison Square Garden Company.

MSG ги објави плановите за изградба на големи објекти на двете страни на Атлантикот. Двете сферични арени дизајнирани од Populous, ќе бидат изградени на карактеристични места и ќе имаат “иконичен дизајн”, а ќе бидат опремени со технологии кои ги менуваат сите досегашнји стандарди за  акустика, видео и дистрибуција на содржини.

Визуелизациите се објавени за локацијата која веројатно ќе биде одбрана за градба во Лас Вегас, а дополнително ќе се бара соодветен простор во Лондон. Сферичната арена во Лас Вегас ќе има капацитет од 23.000 места, (18.000 столчиња за седење и уште 5000 места за стоење).