Откако верзијата за iOS беше објавена во декември минатата година, Facebook Messenger за деца пристигна и на Android.

Се работи за апликација која е иста како Messenger, но надополнета со опции за родителите преку кои тие можат да ја контролираат листата со контакти, процесот на регистрација кој е независен од социјалната мрежа и да ги надгледуваат разговорите. Постои и групен видеочат, како и низа на стикери, рамки и интерактивни маски.

Сепак, од Facebook чекаa до последен момент за да се консултираат со експерти во врска со технологијата развиена за деца, што резултира[e со кампања што ја спроведоа активисти што се против оваа детска аплликација. Изгледа дека самата апликација вклучува доволно опции и контроли за родителите, за да биде безбедно нејзиното користење.

Бидејќи се работи за апликација што ќе ја користат мали деца, разбирливи се реакциите и дебатите околу сигурноста и воопшто користењето на апликацијата.