Останаа уште само десет дена до претставувањето на најновиот модел на Samsung – Galaxy S9. Компанијата објави низа снимки на своите YouTube канали во кои го навестува својот најпаметен модел.

Samsung се фокусираше на камерата, па во склад со ова, објавено е видео кое ја демонстрира камерата во ноќни услови.

Второто видео кое е објавено го демонстрира Slow-Мо eфектот на камерата.

Третото видео ги прикажува новите и за прв пат присутни Android 3D Emoji експресии, кои наводно ќе бидат како оние кај iPhone X – Animoji.