HTC моментално нема директор на одделот за развој на мобилни уреди, бидејќи досегашниот директор Чиалин Ченг се повлече од лични причини.

Повлекувањето на директорот на HTC може да биде и најава за последниот HTC телефон, бидејќи неговата оставка се случува во период кога HTC се подготвува да го претстави моделот HTC U12, кој протече во јавноста откако Google го заврши спојувањето на HTC одделот со 2.000 вработени кој работеше на развој на Pixel телефонот, кој го купи за 1,2 милијарди долари минатата година.

GSMArena наведува дека Чиалин Ченг најверојатно ќе основа сопствена компанија за развој на вештачка интелигенција.

Извор: Mondo.rs