Од Instagram потврдија дека ја тестираат опцијата која на корисниците ќе им овозможи да споделуваат објави од други луѓе во нивните кратки „приказни“. Во моментот опцијата ја тестираат само определен број корисници и нема најава точно кога ќе ја имаат сите корисници на социјалната мрежа. Досега Instagram дозволуваше во „приказните“ да се споделуваат само фотографии или кратки видеа од сопствената сметка или уред.

Од компанијата велат дека секогаш тестираат начини на кои ќе го олеснат споделувањето некои убави и интересни моменти со пријателите на Instagram. За сите што се грижат за својата приватност тука ќе биде опцијата да се исклучи можноста други луѓе да ги споделуваат нивните објави. Доколку ја активирате опцијата други да можат да ги споделуваат вашите објави, вашето корисничко име секогаш ќе стои на споделената објава.