Најнов софтвер, кој се однесува на машинско учење, успеал да го поттикне човечкиот мозок подобро да памети работи.

И покрај тоа што електричната стимулација на мозокот не е нова идеја во светот на науката, досега беше многу тешко да се направи импулсите да бидат толку ефикасни.

Сепак, научници од Универзитет во Пенсилванија собрале податоци од 25 пациенти со епилепсија, во чии мозоци претходно вградиле до 200 импланти за да ги забележат сите промени кои се одвивале.

Учесниците во истражувањето решавале задачи поврзани со паметењето, врз основа на кои вештачката интелигенција правела личен модел на мозочната активност кај секој од пациентите, и проучувала како нивната мозочна активност се менува при обидите нешто да меморираат.

Истите електроди потоа биле користени за симулација на мозоците на испитаниците. Тие овој пат се обидувале да запаметат зборови со помош на симулација, за која била задолжена вештачката интелигенција.

Овој пристап се покажал како успешен – учесниците за 15 отсто подобро ги паметеле зборовите со стимулација на софтверот, во однос на бројот на зборови кој би го запаметиле без него.

И покрај тоа што нашето разбирање за човечкиот мозок и функционирањето на меморијата и понатаму е ограничено, новиот пристап би можел да придонесе во создавање на системи, кои во иднина би можеле да ги подобрат нашите мозочни функции.

Извор: B92.net