Тинејџерите „бегаат“ од Facebook

Една од последните студии посветени на популарноста на социјалните мрежи кај младите, спроведена од eMarketer, покажа дека младите луѓе во последната година значително „бегаат“ од најпопуларната социјална мрежа Facebook, за сметка на Instagram и Snapchat.

Во 2018 година, бројот на корисници на Facebook на возраст под 11 години ќе биде намален за 9,3%, а исто така, бројот на корисници на возраст од 12 до 17 и 18 до 24 години ќе се намали за 5,6% и 5,8% соодветно. Ова е првата ваква разочарувачка прогноза за најпопуларната социјална мрежа на планетата.

Во квантитативен сооднос, Facebook ќе изгуби до 2 милиони корисници во САД на возраст под 24 години. Според предвидувањата на специјалистите, некои од нив (1,6 милиони) ќе заминат за Instagram (кој е всушност на Facebook), а останатите ќе го користат Snapchat.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × one =