Се забрзува темпото на топење на мразот на Гренланд и на Антарктикот

Топењето на мразот на Гренланд и на Антарктикот го забрзуваат веќе и онака брзото темпо на раст на нивото на морето, покажуваат најновите сателитски податоци, објави „Гардијан“.

Според сегашната стапка, океаните во светот ќе бидат во просек најмалку 60 сантиметри повисоки до крајот на векот, покажува истражувањето.

Сепак, врз основа на 25 години сателитски податоци, истражувањето покажа дека темпото се забрзува. Тоа ги потврдува компјутерските симулации на научниците и е во согласност со предвидувањата од ООН, кои објавуваат редовни извештаи за климатските промени.

Научниците велат дека дури и мали промени во нивото на морето може да доведат до поплави и ерозија.

„Секоја загриженост од можни поплави, што крајбрежните региони ја имаат за 2100 година, може да се случи во текот на следните неколку децении“, предупредува Кети Серафин, експерт за крајбрежни поплави на Државниот универзитет во Орегон.

Подигнувањето на нивото на морињата предизвикува затоплување на водите и топење на мразот и глечерите. Од порастот од 7,5 сантиметри во изминатите 25 години, околу 55 отсто се од ширењето потопла вода, а дел од остатокот од топењето на мразот.

Процесот се забрзува, но повеќе од три четвртини од забрзувањето од 1993 година се должи на топењето на мразот во Гренланд и на Антарктикот, покажува студијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eighteen − 13 =