Познати параметрите на новиот Xiaomi Mi Mix 2s

Минатата година, Xiaomi го објави Мi Mix 2 – наследникот на оригиналниот Mi Mix. Неговата нова ревидирана верзија се вика Mi Mix 2s и сега на кинеската веб-страница Weibo се појавија неговите параметри.

Дознаваме дека треба да очекуваме стилски мобилен телефон со 5,99-инчен екран. Предната камера е многу мала и зафаќа минимален простор, резервиран за неа, на врвот на екранот. Рамките се значително потенки од Mi Mix 2.

Чипсетот е моќниот Snapdragon 845, а оперативната меморија е 8GB LPDDR4X. Простор за складирање е 256GB од брзата UFS меморија. Уредот поддржува 4G LTE, има и вграден скенер за отпечатоци под екранот. Батеријата е 3500mAh.

Што друго кријат Xiaomi Mi Mix 2s? Ќе дознаеме на крајот на месецот, кога кинеската компанија ќе го претстави на MWC 2018 во Барселона.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seven − one =