Нова интересна идеја од Амазон – беспилотните летала кои што ќе вршат достава, ќе „автостопираат“ камиони, односно ќе слетуваат над нив за да заштедат батерија и притоа да поминат одреден пат.

Компанијата Амазон, како што е познато, веќе подолго време се подготвува за иднината во која што наместо поштари, разни писма и порачки ќе ги доставуваат беспилотни летала. Првите тестирања се покажаа како успешни, но сепак и натаму има бројни ограничувања, односно проблеми кои што треба да бидат решени.

Дел од основите проблеми е краткото траење на батеријата на дроновите, поради што доставата ќе биде ограничена на локации кои ќе бидат во близина на магацините на Амазон.

Првиот човек на компанијата, Џеф Безос и неговите најдобри инжинери веќе пријавија неколку патенти кои што во иднина би можеле да бидат применети во решавањето на некои од проблемите, а таков е патентот кој што може да се опише како „автостопирање“ на камиони.

Имено, при доставувањето или враќањето на дронот во магацинот, беспилотното летало би можело да слета на камион или за време на патувањето да замени неколку камиони, со цел што поблиску да стигне до дестинацијта трошејќи најмалку што е можно од својата батерија.

Секако, дроновите не би слетувале на било кој камион, туку Амазон ќе потпише договор со превозниците кои што своите камиони би ги опремиле со потребните компоненти за зацврстување на дронот при возењето. Патувањето на дронот ќе биде под надзор на посебен софтвер кој што ќе ја оптимизира рутата и ќе го „поврзува“ дронот со камиони. Поради тоа, во еден таков случај, дронот ќе ја достави стоката само во последната етапа, односно во последните неколку километри, а секако ваквата достава би била и многу побрза.

Џеф Безос кон крајот на 2013-та година ја најави услугата за достава на производи со беспилотното летало Prime Air, а тогаш тој најави дека оваа услуга ќе биде достапна во 2015-та година. Сепак, јасно е дека ќе треба да помине повеќе време додека доставата со дронови стане вообичаен начин за достава на пратка.

Извор: Zimo.hr