Иако долго време се зборуваше за опција која им овозможува на корисниците да видат кој прави скриншот на нивните приказни, сега е конечно воведена.

Сопствениците чии фотографии некој ги зачувал нема да добиваат известувања по автоматизам, туку покрај името на тоа лице во листата со корисници што ја прегледале поставената содржина ќе стои симбол на сонце.

Оваа опција наскоро ќе ја добијат сите корисници на оваа социјална мрежа. Некои корисници веќе се известени за новата опција:

„Следниот пат кога ќе сакате да зачувате некоја објава, сопственикот ќе биде известен за тоа.“