Google воведува промени во врска со авторските права при пребарување на слики

Google и Getty постигнаа договор по приговорот на Getty за авторските права врз фотографии, од кој најверојатно ќе ги забележите ефектите наскоро. Google ќе добие „повеќегодишна“ лиценца за фотографиите на Getty, откако во замена го промени пристапот на пребарувачот за наоѓање на слики.

Google ќе стори повеќе за да ја одбележи сопственоста на фотографиите што ги наоѓате за да знаете дали треба да платите за да ги имате. Копчето „види слика“ ќе биде отстрането за да се намалат преземањата на самите фотографии.

Getty Images го обвини Google за тоа дека е „пиратска продавница“, бидејќи можете да преземате фотографии, без да го посетувате сајтот, на кој припаѓаат. Google одамна има опција за филтрирање на фотографиите според лиценцни права, но тоа само ќе ви олесни, ако свесно сте решиле да го почитувате авторското право. Новите реформи исто така нема да ги запрат оние кои сакаат да ја симнат сликата што им е потребна, но барем ќе го ограничи симнувањето од луѓе кои едноставно не се доволно свесни со законските одредби за авторски права.

Цената за зделката со Google не е позната, но сигурно е дека компанијата направила се од себе, за да ја постигне. Google веќе има доволно проблеми за решавање, вклучувајќи парични казни поврзани со трговијата и даночни конфликти.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

six + five =