Безбедносните експерти од компанијата Experian, врз база на податоци од Dark Web за последните две години, ги објавија најбараните податоци од страна на хакерите и онлајн криминалците, како и нивните поединечни цени.

Изностите кои најчесто се плаќаат се движат од 1 до 2.000 долари. За еден долар се продаваат податоци за идентификацискиот број за социјално осигурување во САД, како и воопшто сите кориснички имиња и шифрите за нефинансиските сервиси.

Корисничките имиња и шифрите за платежни сервиси како на пример „Пејпал“ – се купуваат по цена од 20 до 200 долари, додека информациите за кредитните или дебитните картички се плаќаат од 5 до 110 долари. Цената заедно со CCV-бројот е 5 долари посакапа, а за дополнителни 15 долари можат да се добијат и податоците за банката што ги издала тие картички.

Податоците за претплатничките сервиси се продаваат по цена од 1 до 10 долари, 20 долари чинат информациите за возачка дозвола, додка за 30 долари може да се добие пакет информации за корисниците (идентификациски број, адреса и други податоци за кои се заинтересирани хакерите).

Малку повисоки износи треба да се издвојат за податоци за дипломи (меѓу 100 и 400 долари), медицински податоци ( цената оди и до 1.000 долари во зависност од видот на информацијата), додека најдобро котира американскиот пасош кој на Dark Web се плаќа меѓу 1.000 и 2.000 долари.

Она што е важно да се напомене е дека многу измами се направени со употреба на податоци кои билеукрадени пред две до шест години, така што исклучително е важно да се менуваат шифрите на определен период како и да се користат комплексни шифри. Исто така, треба да се биде многу внимателен кога се работи за податоци кои се објавуваат на социјалните мрежи, затоа што ако имате отворен профил на Facebook многу лесно можат да се дознаат вашите лични податоци но и разни податоци за членовите на вашето семејство, пренесува Fox News.

Извор: B92 / Fox News